Командантот на силите на НАТО во Европа Филип Бридлав смета дека Русија сака „да го подели слободниот свет“ и „да создаде нови проблеми“ за соседите и другите земји. Ова тој го изјави во текот на својата посета на Грузија, соопштува „Агенда.ге“.
Бридлав ја посети границата која ја дели Јужна Осетија со Грузија и даде низа забелешки за активностите на Русија спрема Грузија: „Видов како вашиот народ е поделен на два дела. Вашата земја – вашата храбра земја – настрада од намерите на Русија со сила да го прошири своето влијание надвор од своите граници“.
Тој исто така додаде дека Русија „води агресивна игра во светската политика“. Според неговото мислење, Москва се стреми „да ги промени постојните правила“, „да го подели слободниот свет“ и „да создаде нови проблеми на кои ние треба да им пржиме отпор“.
Бридлав смета дека Грузија ќе може да се одбрани од понатамошната „агресија“ од страна на Русија по пат на зацврстување на своите врски со САД и НАТО. „Вие треба да продолжите да го следите патот што сте го избрале и уште повеќе да го зајакнете партнерството како со НАТО, така и со САД“, потенцираше генералот.
Изданието потсетува дека Бридлав ќе си замине од функцијата командант на НАТО во Европа за помалку од 2 месеца.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче