„Нема да кријам дека на територијата на Сирија дејствуваат и единици на нашите сили за специјални операции. Тие вршат извидување на објекти за нападите на руската авијација, се занимаваат со насочување на авионите врз целите во оддалечените подрачја и извршуваат други тешки задачи“, вели Дворников.
Тој исто така нагласи дека во Сирија дејствуваат и соодветни единици на Вооружените сили на САД и други земји на западната коалиција.
Помош на сириските власти им обезбедуваа и руските воени советници. „Овие офицери им даваат помош на сириските колеги во планирањето и водењето борбени дејствија против терористите, како и на совладувањето на руската воена техника“.
Системот на воени советници, како што тој претходно објасни, со својот раководен апарат е создаден во Вооружените сили на Сирија во најкраток рок. Тие ги обучуваа владините сили, курдските и другите патриотски формации и активно учествуваа во подготовката на борбените дејствија, рече Дворников за нашето матично издание „Росијскаја газета“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.