НАТО поминува низ внатрешна криза на развој, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Русија Марија Захарова.
„Мислам дека тоа не е најдобар начин за функционирање на оваа организација. Тоа сведочи за внатрешна криза на развојот, затоа што сите постојни механизми мораат да функционираат во тешки моменти. Ако работата на Алијансата се блокира во тешки моменти, тоа значи дека во неа нешто не штима“, изјави Захарова гостувајќи на ТВ каналот „ЛајфЊуз“, пренесува РИА „Новости“.
Марија Захарова исто така ги коментираше зборовите на Доналд Трамп, кој учествува во претседателската изборна трка во САД.
Трамп неодамна ги критикуваше НАТО-сојузниците поради тоа што тие ништо не преземаат околу Украина и ја префрлаат целата одговорност врз САД. Според неговите зборови, се појавила потреба од намалување на американското учество во НАТО.
Захарова истакна дека Русија има механизми за соработка со Алијансата, на пример, Советот Русија-НАТО.
„За жал, веќе со години гледаме една иста приказна што трае, кога во оние моменти, за кои се создаваше тој механизам, моменти на недоразбирање, моменти на криза, нашите натовски колеги едноставно го затвораат тој канал за комуникација, го блокираат, замрзнуваат“, рече таа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче