Помошникот-државен секретар на САД и раководител на бирото за прашања на демократијата и човековите права Том Малиновски изјави за постоењето „меѓународен консензус“ во врска со тоа што некои активности на Русија, преземени во последно време, претставуваат закана за светскиот поредок.
Како пример тој ги наведе дејствијата на Русија во врска со конфликтот во Украина, нарекувајќи ги „воена интервенција“. „И тоа не е само ставот на САД. Овој пристап е утврден во резолуцијата на Генералното собрание на ООН, која ја осудува окупацијата и анексијата на Крим“, изјави дипломатот во интервју за весникот „Московски комсомолец“.
Притоа, според неговите зборови, постоењето на силна и успешна Русија, која го признава владеењето на правото, ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на своите соседи и има позитивен влог во светските работи, им одговара на интересите на целиот свет. Сепак Русија не игра таква улога денес, изјави Малиновски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче