„Граѓаните на Украина можат да се изборат со кризата само доколку разумно согледаат што прави нивната влада“, смета поранешниот премиер на Украина Николај Азаров.
Азаров рече дека се поразувачки резултатите од анкетата според која 65% од граѓаните на Украина сметаат дека нивната земја е во војна со Русија. Политичарот истакна дека ваквата слика за јавното мислење покажува оти жителите потпаднале под влијание на киевската пропаганда. Тој ги повика граѓаните на Украина да го зачуваат здравиот разум во врска со прашањата што се однесуваат на Русија
Според поранешниот украински премиер, бодрејќи го и заострувајќи го непријателството со Москва, владејачката клика во Киев пред сè сака да го сврти вниманието на луѓето од својата злосторничка политика.
„Украинците кои им веруваат на пропагандата и на медиумите, сакале или не, ја зајакнуваат власта на Порошенко, Јацењук, на Љашко и на Садовој – на сите оние кои ги доведоа до беда, кои на самохраните мајки им ја укинаа помошта, ги оставија децата без средства за живот, укинаа голем број социјални мери, ги зголемија и продолжуваат да ги зголемуваат даноците, ги оставија старите луѓе без лекови“, напиша Азаров на својот Фејсбук-профил.
Азаров смета дека доколку сакаат да ја сменат ситуацијата, граѓаните на Украина треба да се свестат и самите да размислат за тоа кои се нивните пријатели, а кои им се непријатели.
„Она што сега се случува во руско-украинските односи е трагедија за нашите народи. Се оствари вековниот сон на нашите непријатели: посеан е раздор, истакнувам дека тоа не е војна, ами раздор. Во интерес на сите нас е овие несогласувања да се решат. Токму тука лежи главната причина за трагедијата“, заклучува Азаров, а пренесува РИА Новости.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче