Проектот „Јужен тек“ е запрен и никакви работи не се вршат во врска со него, соопшти портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.
Претходно во петокот амбасадорот на ЕУ во Русија Вигаудас Ушацкас изјави дека ЕУ во случај да пристигнат предлози за „Јужен тек“ е подготвена да ги разгледа, но проектите треба да одговараат на Третиот енергетски пакет.
„Проектот „Јужен тек“ не постои, тој е затворен, никаква работа не се врши, проектот беше запрен во врска со соодветната позиција на Европската комисија“, изјави Песков.
Тој додаде дека немало никакви одлуки од страна на Европската комисија за промена на позицијата во однос на проектот „Јужен тек“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче