Претседателот на РФ Владимир Путин потврди дека во Сирија загинале петмина руски војници. Ова следува од материјалот објавен на сајтот на Кремљ по средбата на шефот на руската држава со воените лица.
Во текот на приемот во Кремљ шефот на руската држава се обрати до вдовиците на руските војници, меѓу кои и до Јулија Жарављова.
Агенцијата „Ројтерс“ уште во ноември 2015 година соопшти дека под неразјаснети околности во Сирија загинал 27-годишниот Фјодор Журављов, меѓутоа немаше официјална потврда за таа информација.
Претходно на списокот на загинати во сириската кампања се водеа имињата на 4 лица, пишува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче