Стејт департментот на САД ќе разгледува уште какви санкции може да се воведат против Русија поради „анексијата на Крим“, изјави помошникот-државен секретар на САД Викторија Нуланд.
„Ќе продолжиме да разгледуваме што уште можеме да направиме“, рече Нуланд на сослушувањата во Сенатот, одговарајќи на прашањето какви санкции може да предложи Стејт департментот во врска со ситуацијата на Крим која не се менува последниве две години.
Таа потсети дека важечките санкции на САД и ЕУ во целост исклучуваат инвестиции во тој регион, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче