Информацијата за тоа дека поранешниот министер за печат на РФ Михаил Лесин ги напуштил САД на 15 декември 2015 года, односно 40 дена по својата смрт, беше најдена на сајтот на Министерството за национална безбедност на САД. Ова го напиша на својот блог опозиционерот Алексеј Навални.
Информацијата за преминување на границата на САД од страна на странски државјанин може да ја добие самиот граѓанин на сајтот на Министерството за национална безбедност. Ако се внесат податоците на Михаил Лесин, пишува Навални, базата ќе исфрли информација дека тој последен пат влегол во САД на 21 октомври 2015 година, а ги напуштил на 15 декември.
Според официјалните податоци, Михаил Лесин почина во Вашингтон на 5 ноември 2015 година. Судско-медицинската експертиза утврди дека причина за неговата смрт била тапи повреди на главата. Според пишувањата на медиумите, тие можеле да бидат здобиени како резултат на „некаква кавга“.
Во истрагата за околностите на смртта на Лесин, покрај полицијата, се вклучи и ФБИ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче