Поранешниот министер за печат на РФ починал во Вашингтон од насилна смрт

Судско-медицинската експертиза на САД дојде до заклучок дека смртта на поранешниот министер за печат на Русија и поранешен прв човек на „Гаспром-медиа“ Михаил Лесин во Вашингтон во ноември 2015 година настапила како резултат на „тапи насилни повреди на главата“.

Американските иследници открија на телото на поранешниот министер за печат на Русија и поранешен прв човек на „Гаспром-медиа“ Михаил Лесин „знаци на тапа повреда на вратот, торзото, рацете и нозете“. Според зборовите на извор на весникот „Њујорк Тајмс“ во органите на редот и мирот на САД, полицајците „дефинитивно повеќе не сметаат“ дека смртта на граѓанинот на РФ била предизвикана од проблеми со здравјето и разгледуваат верзија за „некаква караница“ која настанала пред тој да се врати во собата во хотелот Дупонт Серкл.

Согласно изјавата на уредот за судско вештачење и полицијата на Вашингтон, иследниците засега не ги утврдиле околностите за смртта на државјанинот на РФ.

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова побара од САД објаснување и официјални податоци во врска со истрагата. „Ако информациите објавени денеска во медиумите се потврдат, руските компетентни органи ќе упатат барање до американската страна за меѓународна правна помош“, ги коментираше таа вестите од САД на својот Фејсбук-профил.  

Како првична верзија за смртта на 57-годишниот поранешен министер за печат на Русија и поранешен прв човек на „Гаспром-медиа“ Михаил Лесин на 6 ноември 2015 года се сметаше срцев напад.  

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња