На руската страна ѝ се предлага да размисли за можноста за внесување амандмани во документот во согласност со сегашното мислење на комисијата, пишува „Взгљад“.
Комисијата смета дека „некои одредби на законот се некомпатибилни со меѓународните правни обврски на Русија“ и во врска со тоа ѝ предлага на руската страна „да воспостави дијалог за намалување на затегнатоста“
Во своите препораки комисијата ја потсетува руската страна за потребата од извршување на одлуките на судот, како и за„обврската на руските власти да најдат алтернативни мерки за извршување на меѓународни одлуки“.
Експертите на СЕ сметаат дека во рускиот закон треба да има одредби, на пример, за праведна компензација, кои не можат да бидат подложени на толкување. Во документот се истакнува дека мислењето објавено во петокот, 11 март, не е конечна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче