Путин го потпиша законот за приоритет на рускиот Устав

На Уставниот суд на РФ со овој закон му се дава правото да ги прогласи за неспроведливи во РФ одлуките на меѓународните судови доколку тие го нарушуваат правото на приоритет на рускиот Устав.

Претседателот на РФ Владимир Путин го потпиша законот со кој на Уставниот суд на Русија му се дава право да ги прогласи за неважечки одлуките на меѓународните судови доколку тие го нарушуваат приоритетот на рускиот Устав.

„По разгледувањето на случајот Уставниот суд на Руската Федерација донесува една од следниве одлуки: 1) можност во склад со Уставот на РФ во целина или делумно да се спроведе одлука на меѓународен орган за заштита на човековите права и слободи која е донесена врз основа на одредби од меѓународен договор на РФ во толкување на меѓудржавен орган за заштита на човековите права и слободи, во врска со кој е поднесено барање до Уставниот суд на РФ“, се наведува во документот на порталот за правни информации на Русија, пренесува „Взгљад”.

Претходно Државната дума го усвои законот со кој на федералниот Уставен суд му се дава право да прогласи за неспроведливи одлуки на меѓународни судови во Русија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња