Американските иследници открија на телото на поранешниот министер за печат на Русија и поранешен прв човек на „Гаспром-медиа“ Михаил Лесин „знаци на тапа повреда на вратот, торзото, рацете и нозете“. Според зборовите на извор на весникот „Њујорк Тајмс“ во органите на редот и мирот на САД, полицајците „дефинитивно повеќе не сметаат“ дека смртта на граѓанинот на РФ била предизвикана од проблеми со здравјето и разгледуваат верзија за „некаква караница“ која настанала пред тој да се врати во собата во хотелот Дупонт Серкл.
Согласно изјавата на уредот за судско вештачење и полицијата на Вашингтон, иследниците засега не ги утврдиле околностите за смртта на државјанинот на РФ.
Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова побара од САД објаснување и официјални податоци во врска со истрагата. „Ако информациите објавени денеска во медиумите се потврдат, руските компетентни органи ќе упатат барање до американската страна за меѓународна правна помош“, ги коментираше таа вестите од САД на својот Фејсбук-профил.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче