Портпаролот на претседателот на Русија Дмитрий Песков, коментирајќи го предлогот на европските парламентарци да се воведат санкции против Владимир Путин поради случајот на Надежда Савченко изјави дека мешањето во судските процеси е недозволиво, пренесува РИА „Новости“.
„Не можеме да се согласиме со обидите за мешање во судските процеси кои се случуваат во нашата земја во строга согласност со важечкото руско законодавство, во кои, несомнено, спаѓа процесот на Савченко. Какво-било мешање овде е недозволиво. Кај нас постојат определени процедури кои се извршуваат во дадениот момент. Во врска со тоа што тече судскиот процес, какви-било коментари, во суштина, исто така ги сметаме за невозможни и недозволиви“, изјави Песков, одговарајќи на новинарско прашање.
Според податоците на руската истрага, во текот на борбените дејствија кај Луганск летото 2014 година пилотот Савченко стапила во редовите на баталјонот „Ајдар“. Таа вршела тајно набљудување и наведување на артилерискиот оган врз позициите на доброволците, на кои во тој момент се наоѓале цивили. Како резултат на минофрлачкиот оган загинаа соработниците на ВГТРК Игор Корнељук и Антон Волошин. Потоа Савченко преправена во бегалка ја преминала руската граница, но била приведена.
Летото истата година беше обвинета за помагање во убиство. Во 2015 година Савченко беше прогласена за соучество во убиство и ѝ се заканува 25-годишна затворска казна. Самата Савченко ја одрекува својата вина и тврди дека се наоѓа незаконски во притвор. Пилотот неколкупати штрајкуваше со глад.
Властите на Украина бараат Савченко да биде вратена во татковината, а државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека нејзиното судење директно ја нарушува „Минската спогодба“. Руската страна ги отфрли обвинувањата, потсетувајќи го Кери дека во „Минската спогодба“ нема ни збор за Савченко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче