Русија користи различни методи за да го подели НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во интервју за „Си-Ен-Ен“.
„Веќе подолго време гледаме порешителна Русија која употребува различни методи за да ги заплаши своите соседи и да ја подели Северноатлантската алијанса“, изјави Столтенберг.
Според зборовите на генералниот секретар, претставниците на НАТО одговориле на тие предизвици со „зајакнување на единството“ на Алијансата. „Освен тоа, ние ја адаптиравме нашата воена политика на новите безбедносни услови“, изјави тој.
Коментирајќи ги настаните во Сирија, Столтенберг истакна дека НАТО е „загрижен од зајакнувањето на Русија, вклучително и од распоредувањето на авијација и копнени сили, како и од присуството во источниот дел на Средоземното море“. Генералниот секретар објасни дека како одговор на тоа Алијансата е принудена да го зголемува своето воено присуство во Турција и источниот дел на Медитеранот“.
„Гледаме како Русија се обидува да го подели НАТО, но тие обиди не се успешни, зато што ние сплотено одговараме на нов“, изјави Столтенберг, потенцирајќи дека Алијансата ја зголемила готовноста на своите сили. Тој исто така потсети дека земјите-членки на ЕУ и други држави воведоа санкции против Москва, пренесува РБК.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче