Штајнмаер ја истакна улогата на Русија во решавањето на конфликтите

„Ако сакаме решенија, неопходна ни е Русија“, изјави Штајнмаер.

Министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер ја истакна улогата на Русија во решавањето на конфликтите во светот.  

„Реалноста е оваа: без Русија не би можеле да постигнеме напредок ни во преговорите за политичкото решение на ситуацијата во Сирија, ни во текот на реализацијата на „Минската спогодба“ за Украина. Без Русија не би имало договор со Иран за нуклеарната програма. Ако сакаме решенија, неопходна ни е Русија”, изјави Штајнмаер во интервју за „Бонер Генераланцајгер“.

Штајнмаер повтори дека не станува збор за нова „студена војна“.

„Додека во текот на студената војна меѓу Западот и Истокот речиси и да немаше контакти, ние денес одржуваме голем број форуми на кои разменуваме мислења“, додаде германскиот министер, пренесува РИА „Новости”.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња