НАТО упати во Сирија многу повеќе авиони од Москва, меѓутоа руската операција покажува многу повисоки резултати благодарение на подобрите вештини и моќноста на борбената техника, пишува германскиот магазин „Фокус“ повикувајќи се на таен аналитички извештај на Алијансата.
Во документот се вели дека 40 руски ловци распоредени во Латакија реализираат до 75 летови на ден, секојпат нанесувајќи „прецизни и ефикасни удари“ врз позициите на ИД. Притоа силите на НАТО, кои вкупно бројат 180 борбени авиони, уништуваат дневно вкупно 20 цели.
Русија користи во Сирија најсовремена техника: на пример, во Латакија има четири Су-35 кои, според оценките на експертите, ги надминуваат повеќето авиони од западно производство.
Покрај тоа, во своите пресметки Москва користи информации од сириското воено разузнавање и податоци од руските тајни служби кои редовно известуваат за стратешки важни објекти, се вели во документот. Аналитичарите на Алијансата истакнуваат дека токму руската операција ги натерала терористите од ИД да се спасуваат со бегање од окупираните територии и да престанат со жестоката „демонстрација на сил“.
„И макар што западните политичари редовно зборуваат за руски напади врз бунтовниците и многубројни жртви меѓу цивилното население, во извештајот не се споменува ниту еднаш дека цивилно население настрадало од руските воздушни удари“, потенцира „Фокус“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче