Воените расходи годинава ќе бидат намалени за 5%, изјави заменик-министерот за одбрана на РФ Татјана Шевцова, пренесува „Интерфакс“.
„При намалувањето на буџетот за национална одбрана од страна на раководството на земјата беше донесена одлука Државната програма за вооружување воопшто да не подлежи на кратење. Исто така беше донесена одлука буџетот на Министерството за одбрана да биде намален не за 10%, туку за 5%“, изјави таа.
Швецова истакна дека намалувањето пред сѐ ќе се однесува на материјално-техничката логистика и градежништвото. Притоа, освен државните нарачки, на кратење нема да бидат подложени социјалните давачки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче