Путин: Нема зголемување на призводството на нафта во Русија

Според зборовите на рускиот претседател Владимир Путин, има и порадикални предлози кои би можеле да го стабилизираат пазарот на нафта.

Производителите на нафта во Русија се согласија да не го зголемуваат производството на нафта, соопшти претседателот на Русија Владимир Путин на состанокот со првите луѓе на нафтените компании а на тема развој на нафтената индустрија. Тој додаде дека постојат и порадикални предлози кои би можеле да го стабилизираат нафтениот пазар, пренесува „Интерфакс“.

„Се работи за тоа што тековната година, како што ме извести министерот, и за тоа се договарал, и практично се договорил со своите партнери на светскиот пазар, ние нема да го зголемуваме производството на нафта“, изјави Путин. „Се предлага, односно поточно кажано, да се фиксира обемот на производство на нафта во Русија за 2016 година поаѓајќи од показателите во јануари од тековната година. Но, се разбира, се мисли во просек за целата 2016 година“, прецизираше претседателот.

„Како што ме информираше министерот за енергетика, сите сте согласни со предлогот, дури некои од вас имаат и порадикални предлози. Но со ова сите сте согласни“, истакна Путин.

Министерот за енергетика на РФ Александар Новак по состанокот потврди дека нафтените компании се согласиле да не го зголемуваат производството на нафта.

Новак претходно истакна дека извозниците на 75% нафта на светските пазари се подготвени да ја поддржат иницијативата за замрзнување на производството на нафта со цел стабилизирање на цените на светските пазари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња