Дивоф е по потекло од Венецуела. Мајсторски глуми ликови од Русија. На многумина неговото лице им е познато, но ретко кому му текнува на името. Ендрју Дивоф има глумено во многу филмови: „Враќање во СССР“, „Лов на Црвениот октомври“ (The Hunt for Red October), „Индијана Џонс и кралството на кристалниот череп“, „Изгубени“ (Lost), „Гнев“ (The Rage), „Претседателскиот авион“ (Air Force One) и други. Покрај тоа, Дивоф има играно руски ликови и во неколку игрички: Red Alert 3, Lost, и Call of Duty: Black Ops.
Англичанецот Џуд Ло во 2001 година го глумеше советскиот снајперист Василиј Зајцев во филмот „Непријател пред вратата“(Enemy at the Gates) посветен на Сталинградската битка. На почетокот имаше тешкотии, но подоцна се соживеа со улогата и сега многумина велат дека во филмот личи на вистински Русин. Тој го глуми и грофот Алексеј Каренин во екранизацијата на романот на Толстој „Ана Каренина“.
Познатиот шведски глумец стана познат по својата улога на нескршлив (и набилдан) советски боксерски авион Иван Драго, главниот противник на Роки Балбоа во филмот „Роки 4“. Сталоне подоцна зборуваше дека на снимањето на филмот му предложил на Долф Лундгрен да се обидат во рингот без глума, поради што подоцна зажалил. Мајсторот на боречки вештини Долф Лундгрен толку го истепал што Сталоне мина пет дена во шок-соба: „Мислев дека сум доживеал сообраќајна несреќа“, велеше тој.
Долф Лундгрен го глумеше и поручникот на специјалните единици Николај Раченко во филмот „Црвената скорпија“(Red Scorpion) и Николај Черенко во нискобуџетниот филм „Механичар“ кој самиот го режираше. Сега повторно се врати на својата улога на Драго во филмот „Creed 2“ кој ќе биде прикажан во ноември.
Петер Стормаре е главно познат по својата улога на рускиот космонаут Лев Андропов во блокбастерот „Армагедон“. Тука Андропов е прикажан во многу стереотипен манир (секогаш пијан и ја поправа вселенската станица со удар со палка), но на крајот е одговорен за спасувањето на членовите на екипажот.
Како шеф на руската мафија Петер Стормаре се спротивстави на Мартин Лоренс и на Вил Смит во филмот „Лоши момци 2“ (Bad Boys II). Играше Руси и во филмовите „Тука сум“ („The 11th hour“) и „Џон Вик 2“.
За жал овој извонреден шведски актер почина минатата година. Познат е по улогите на лоши руски момчиња во филмовите „Невозможна мисија: Протокол дух“ (Mission Impossible: Ghost Protocol) и „Џон Вик“. Играше и „добар“ Русин во филмот „Извештај од Европа“ („Europe Report“). Пред крајот на животот успеа да одигра уште неколку руски улоги во филмовите „Hunter Killer“ и „Курск“ кои допрва ќе бидат прикажани.
Рејф Фајнс сака да учествува во екранизација на руските класици. Го играше Евгениј Онегин во филмот „Онегин“ (според истоимениот роман во стихови на Пушкин) и Михаил Раитин во филмот „Две жени“ снимен врз основа на драмата „Еден месец во земјата“ од Тургенев. Рејф Фајнс дури има и учено руски за неговите ликови да изгледаат што поуверливо, но сепак поради забележливиот акцент на неговиот лик му е „позајмен“ глас на вистински Русин. На Рејф Фајнс му беше малку криво поради тоа.
Благодарение на својот изглед Мартон Чокаш често глуми злосторници во холивудските филмови. Како „лошо момче“ од Русија тој се појавува во акционите филмови „ХХХ” и „Праведник“ (The Equalizer). Играше Русин и во американско-полскиот филм „Вистинско злосторство“ (True Crimes) и во италијанскиот „Евиленко“.
Овој Србин од Хрватска се има прославено во Холивуд по многубројните улоги на Руси во филмови и во серии. Меѓу нив се најпознати, сега веќе култниот руски професионален убиец Борис Острица во филмот „Снеч“ (Snatch) на Гај Ричи и олигархот Иван Третјак во филмот „Светец“ (The Saint).
Највпечатлива руска улога на Џон Малкович е во филмот „Покераџии“ (Rounders) каде тој го глумеше рускиот гангстер Теди, наречен КГБ.
Малкович го играше и полковникот Павлов во филмот „Потера“ (In Transit) и криминалецот Дедо Кузја во „Сибирско образование“ (Siberian Education).Во третата сезона се приклучи и на телевизиската серија „Милијарда“ (Billions) каде го глумеше рускиот милијардер Григориј Андолов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче