Русија, Саудиска Арабија, Катар и Венецуела се подготвени да ја замрзнат експлоатацијата на нафтата на нивото од јануари, доколку другите земји-производители на нафта се приклучат на оваа иницијатива. Ова по средбата на трите земји членки на ОПЕК го изјави министерот за енергетика на РФ Александар Новак, вели прес-службата на руското министерство. Притоа договорот има устен карактер, никакви документи не беа потпишани. Претходно министерот Новак не ја исклучи можноста на средбата да се дојде до договор за намалување на експлоатацијата за 5%, па затоа пазарот ги оцени резултатите од средбата како отсуство на реален договор.
„Пазарот очекуваше намалување на експлоатацијата, а веста за тоа дека е фиксиран максимумот ќе изврши притисок врз цените“, вели Кирил Тачеников, постар аналитичар на инвестициската компанија ФГ БКС. Според него, според тековните цени на нафтата пораст на обемот на експлоатацијата не може да има. Како резултат на тоа цената на нафтата од марката Брент веднаш по изјавата на учесниците на средбата падна од 35.5 на 33.7 американски долари за барел.
Чудењето на експертите се објаснува со тоа што во јануари 2016 година нивото на експлоатација на нафтата во руските компании постигна апсолутен рекорд во последниве десет години – повеќе од 10.8 милиони барели дневно. „Договарањето за замрзнување на високо ниво на експлоатација при вишок понуда на нафтата претставува ситуација од типот селото гори, баба се чешла“, вели Сергеј Хестанов, доцент на факултетот за финансии и банкарско работење при Руската академија за народно стопанство и јавна администрација, економски институт кој е близок на руската влада. Според него, реален договор за намалување на експлоатацијата не е постигнат.
Од друга страна, одлуката за замрзнување на експлоатацијата на нафтата може да се оцени како прв практичен чекор за контрола на нивото на цените, не ја одобрува аналитичарот на инвестициската компанија „Премиер“ Алексеј Козлов. „Намалувањето на експлоатацијата би било исплатливо за Русија, но и замрзнувањето на нивото, кое треба да доведе до стабилизација на пазарот со енергенси, е исто така сериозно достигнување“, го поддржува својот колега аналитичарот на групацијата „Финам“ Богдан Зварич. Според него, на последниот самит на ОПЕК учесниците на картелот не можеле да се договорат за намалување на квотите. Доколку договорот помеѓу Русија и Саудиска Арабија биде поддржан од останатите производители на нафта, тоа ќе даде основа на која играчите од пазарот ќе можат да ги градат своите понатамошни односи поврзани со намалувањето на експлоатацијата.
Со цел другите земји да се согласат да не ја зголемуваат експлоатацијата, неопходно е да се нивелираат несогласувањата помеѓу Иран и Саудиска Арабија. Како што во повеќе наврати изјавуваа претставниците на Исламската република, Иран е потнецијално подготвен веќе по еден месец да ја зголеми експлоатацијата од 1.5 на 2 милиони барели дневно. Во блиска иднина, за првпат по 2012 година, танкерите со иранска нафта ќе заминат во Европа. Еден од нив со обем од 2 милиони барели веќе е на францускиот Тотал, а двата други ќе испорачаат по еден милион барели на шпанската Цепса и на Литаско, одделение на руската компанија Лукоил, за преработка на својата фабрика во Романија. „Иран долго време ги поднесуваше меѓународните санкции со кои се забрануваше извоз на нафта, па сега се обидува да дојде до зголемување на испораките“, објаснува Георгиј Вашченко, началник на управата за операции на руската берза на инвостиската компанија „Фридом Финанс“.
Нивото на издржливост на крупните компании за експлоатација е веќе при крај. Страните се изморени постојано да ја зголемуваат експлоатацијата и да ги притискаат конкурентите со дампинг-цени, со цел да земат поголем дел од светскиот пазар, вели Роберт Новак, постар аналитичар на MFX Broker. Според неговите податоци, само Саудиска Арабија за половина година има загуба поголема од 180 милијарди американски долари. А, Венецуела има ликвидни резерви за само 2-3 месеци извоз, поради што властите се принудени да ги продаваат златните резерви, додава Новак.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче