МО РФ: Примирјето во Сирија го прекршува и „умерената опозиција“

Примирјето во Сирија го нарушуваат и одредите на меѓународните терористички организации, истакнува Министерството за одбрана на Русија.

Русија регистрира низа нарушувања на примирјето во Сирија од страна на формациите на „умерената“ опозиција и одредите на меѓународните терористички организации, се вели во информативниот билтен објавен на сајтот на Министерството за одбрана на Русија, пренесува РИА „Новости“.

„Во целина режимот на прекин на борбените дејствија на територијата на Сирија се почитува, истовремено има низа нарушувања од страна на формациите на „умерената“ опозиција и одредите на меѓународните терористички организации“, се вели во текстот на билтенот.

Примирјето стапи на сила на 27 февруари во 00:00 часот според времето во Дамаск.

Претходно беше постигнат договорот  меѓу Вашингтон и Москва. Прекинот на огнот не важи за „Исламската држава“ и „Џебхат ан-Нусра“ и други формации, прогласени од СБ ООН како терористички.



 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња