Пред Путин презентирани нови блиндирани возила за специјалните сили

Претседателот на РФ Владимир Путин по колегиумот на ФСБ се запозна со најновите модели на специјална опрема, помеѓу другото, и со најновото оклопно возило за специјалните сили на ФСБ.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека пред претседателот била презентирана специјална опрема наменета за единиците за специјални намени, не прецизирајќи за каква опрема станува збор, пренесоа руските медиуми.

Според пишувањето на порталот „ЛајфЊуз“ меѓу специјалната опрема бил и најновиот блиндиран автомобил, во кој познавачите веднаш ги препознаа контурите на оклопното возило „Каратељ“. Врз основа на забележливата кратенка на предната решетка ЦСН, може да се заклучи дека е наменет за Центарот за специјални намени на Федералната служба за безбедност на Русија, пишува порталот.

Претставено е уште едно оклопно возило „Викинг“, базирано на платформата на КамАЗ, пишува „Взгљад“.

Видеото од презентацијата можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња