Руската државната корпорација „Роскосмос“ во чест на 55-годишнината од првиот лет на човекот во земјината орбита ја прогласи 2016 година за „Година на Јуриј Гагарин“, соопшти прес-службата на корпорацијата, а пренесува РИА „Новости“.
„Роскосмос“ ќе најавува јубилејни манифестации, како и акции на партнерите на програмата „Гагарин.Тргнуваме!“ на сајтот и официјалните страници на државната корпорација на социјалните мрежи. Симболично е тоа што првото лансирање од првиот цивилен космодром на Русија – космодромот „Восточни“ ќе се одржи во оваа, јубилејна „Гагаринова година“, се вели во соопштението.
Лансирањето на првиот човек во земјината орбита се случи на 12 април 1961 година од космодромот „Бајконур“ во Казашката ССР (сегашен Казахстан). Тогаш 27-годишниот Јуриј Гагарин прв на светот го направи својот легендарен лет со вселенскиот брод „Восток“ .
„Ги покануваме сите кои се интересираат за вселената, кои мечтаат за далечните планети, за кои вселенската активност на Русија е дел од животот, да ни се придружат. Учествувајте во нашите манифестации, пишувајте за историјата и современоста на руската космонаутика, за хероите благодарение на кои подвигот на Јуриј Гагарин стана реалност, снимајте видео и аудио ленти. Испраќајте ги материјалите на адресата Gagarin55@roscosmos.ru“, истакнува прес-службата.
Најдобрите дела ќе бидат објавени на сајтот на „Роскосмос“ или на социјалните мрежи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче