Кина го зголеми увозот на руска нафта за 15%

Кина го зголеми увозот на нафта од Русија во јануари за 15% во споредба со истиот месец минатата година – на 3,368 милиони тони, велат податоците на Главната царинска управа на Кина.

Кина го зголеми увозот на нафта од Русија во јануари за 15% во споредба со истиот месец минатата година – на 3,368 милиони тони, велат податоците на Главната царинска управа на Кина.

Сепак, во споредба со декември, обемот се намалил за 30% (од 4,811 милиони тони), пишува „Взгљад“.

Во саботата заменик-министерот за финансии на Русија Максим Орешкин изјави дека во наредните две-три години цените на нафтата нема многу да растат и дека растот е можен само во мали граници.

Во петокот првиот-заменик министер за енергетика Алексеј Текслер изјави дека руската нафтена индустрија може да напредува при пад на цената на црното злато на 35-40 долари за барел. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња