Русија вети дека ќе ги заштити курдските доброволци во Сирија во случај на навлегување на Турција, затоа таквиот чекор може да доведе до „голема војна“, изјави во интервју за „Блумберг“ шефот на претставништвото на Сириски Курдистан во Москва Роди Осман.
„Русија ќе реагира на упад. Тоа се однесува не само на Курдите, таа ќе го штити територијалниот интегритет на Сирија“, изјави Осман..
Шефот на претставништвото исто така соопшти дека Воздушно-космичките сили им даваат поддршка на курдските доброволци кои се во офанзива на северот на Сирија во провинцијата Алепо и се доближуваат до турската граница. Притоа тој истакна дека офанзивата би се одвивала побрзо доколку би немало отпор од страна на Турција.
Од своја страна, претставникот на сириската опозиција во Москва Кадри Џамил соопшти дека покрај поддршката од воздух, Москва им испорачува на сириските Курди муниција, а сириската армија води борбени операции против „Исламската држава“ во координација со курдските доброволци.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче