Русија нема да престане со ударите врз терористите во Сирија

ОД МНР РФ потсетуваат дека договорот постигнат во Минхен подразбира продолжување на борбата со тероризмот.

Русија има намера да ја продолжи операцијата на ВКС во Сирија во борбата против тероризмот, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.  

„Во делот што се однесува до борбата со тероризмот, операцијата на ВКС ќе биде продолжена. Тоа беше договорено на Минхенската средба“, изјави таа на брифингот, пренесува „Интерфакс“.  

Захарова го изјави ова одговарајќи на барањето на новинарите да ги коментира зборовите на претседателот на Сирија Башар Асад за тоа дека прекинот на огнот во Сирија нема да значи дека секоја од страните ќе престане да го користи оружјето.

Еден од репортерите го почна своето прашање на брифингот во Москва со тврдење дека во Сирија наскоро треба да стапи на сила прекин на огнот.

„Вие сте оптимист“, рече Захарова.

На средбата на 12 февруари во Минхен Меѓународната група за поддршка на Сирија се договори прекинот на огнот да почне по една недела, односно на 19 февруари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња