Русија ќе распореди на Крим десантен баталјон

На Крим во периодот од 2017-2018 година ќе биде редовно стациониран самостоен баталјон на Воздушно-десантните сили, а по 2020 година ќе биде трансформиран во полк, изјави извор во Генералштабот на вооружените сили на Русија.

Донесена е одлука во период од две години, поточно од 2017 до 2018 година, на Крим да биде распореден посебен десантно-јуришен баталјон на Седмата дивизија. По 2020 година истиот ќе биде трансформиран во третиот по ред полк на оваа формација, рече неименуван извор од воениот ресор за агенцијата ТАСС.  

Баталјонот ќе биде базиран во градот Џанкој заедно со полк на военото воздухопловство.

Извор од Генералштабот на Вооружените сили на РФ рече, исто така, дека по колегиумот на Министерството за одбрана во проширен состав одржан на 29 јануари, формирањето на третите по ред полкови во десантно-јуришните и воздушно-десантните дивизии на Воздушно-десантните сили е поместено за периодот по 2020 година.

Командантот на Воздушно-десантните сили Владимир Шаманов ги изнесе кон средината на мината година плановите за распоредување на третите по ред полкови во состав на десантно-јуришните дивизии (Седмата и Седумдесет и шестата), пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња