Претседателот на Чешка Милош Земан смета дека за Западот не вреди да ги продолжи антируските санкции, тие треба да бидат укинати „сега, а не во иднина“, вели во интервјуто објавено во весникот „Известија“.
„Знаете, јас сум против сите санкции... Санкциите никогаш не помогнале за ништо... Секогаш сум бил против. Не само што не треба да продолжат, но и не требаше да ги воведат. Треба да се укинат сега, а не во иднина“, ги цитира изданието зборовите на претседателот на Чешка.
Тој исто така потенцира дека е потребно да се покаже трпение и да ѝ се дадат на ЕУ аргументи против продолжувањето на санкциите.
Претходно Земан изјави дека во Европа постепено се менува мислењето за антируските санкции. Тој исто така истакна дека сегашните проблеми на руската економија се предизвикани не од западните санкции, туку од ниските цени на нафтата која е главен извозен производ на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче