Стручњаците на порталот Global Firepower кои го објавија својот годишен „Глобален индекс на воена моќ“ ги сметаат САД, Русија и Кина за трите најмоќни воени сили на светот.
Вооружените сили на САД ја задржаа водечката позиција на листата, а по нив следуваат Русија и Кина. Американците се надмоќни во однос на воените вложувања, што беше клучен критериум за лидерството на САД на оваа листа и претходно.
Според податоците на стручњаците, Русија има речиси двојно повеќе тенкови од Американците, односно 15 398 наспроти 8848, но затоа има помалку единици авијација (3547 наспроти 13444). Кина по бројот на борбени возила се наоѓа пред САД, но заостанува во однос на Русија.
Експертите наведуваат дека главниот фактор кој придонел за зајакнувањето на руската војска е големата модернизација на вооружените сили и растот на производството и нарачките за воената техника во Воено-индустрискиот комплекс.
Предвид не е земен нуклеарниот потенцијал на земјите, како ни карактерот на воениот или политичкиот врв.
На четврто место на ранг-листата се наоѓа Индија, а од европските земји најдобро пласирана е Велика Британија, додека во првите десет се наоѓаат Франција, Германија и Турција, пренесува РИА „Новости“.
Методологија за пресметка подразбира преку 50 фактори, меѓу кои се воените расходи, капацитетот на воено-воздушните и поморските сили, обемот на експлоатација на природните ресурси и логистичките карактеристики на земјата (на пример, бројот на пристаништа и активни аеродроми, како и должината на патиштата), човечките ресурси итн.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче