Тој ги нарече сите соопштенија за обратното „фабрикувани“, пренесува „Ројтерс“.
Од своја страна друг портпаролот на американското Министерство за одбрана Џеф Дејвис ги нарече изјавите на Русија „блатантна лага“
Претходно во средата портпаролот на Пентагон Стивен Ворен изјави дека руската авијација наводно извршила бомбардирање врз две болници во сирискиот град Алепо. Сепак подоцна Пентагон призна дека нема информации за наводно присуство на руски копнени сили во Сирија и дека министерството нема прецизни податоци за наводните удари на ВКС Русија во реонот на Алепо.
Во четвртокот портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека руската авијација не бомбардирала во средата објекти во сирискиот Алепо – тоа го направиле американските јуришни авиони, а Пентагон подоцна ја обвини Русија за авиоударите.
Конашенков исто така соопшти дека бунтовниците го протеруваат до границата со Турција цивилното население од Алепо, се обидуваат да дезертираат, а западните телевизии го презентираат тоа како последица од наводното руско варварско бомбардирање, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче