ВКС РФ во Сирија бомбардираше за една недела 1900 објекти на терористите

Освен тоа, руските воени авиони испорачаа хуманитарна помош во Деир ел Зор, град што се наоѓа под опсада на „Исламската држава“.

Руските авиони од 4 до 11 февруари во Сирија во текот на 510 напади бомбардирале речиси 1900 објекти на терористите, соопшти денеска портпаролот на Министерството за одбрана на РФ генерал-мајор Игор Конашенков.  

„Во текот на минатата недела од 4 до 11 февруари авионите на руската авијација во Сириската Арапска Република извршија 510 борбени летови во кои беа погодени 1888 објекти на терористите во провинциите Алепо, Латакија, Хама, Дејр ел Зор, Дара, Хомс, Хасака и Рака”, изјави Конашенков, пренесува „Взгљад”.

Освен тоа, руските воени авиони испорачаа хуманитарна помош во Деир ел Зор, град што се наоѓа под опсада на „Исламската држава“. Товарот прицврстен на падобранските платформи П-17 беше фрлен во средата навечер од висина од 4000 метри во реоните на Деир ел Зор кои се под контрола на сириската војска.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња