Антируската пропаганда што ја води Анкара има за цел да го подготви населението на Турција за примена на турската војска на територијата на Сирија, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.
„Во врска со кампањата за дезинформирање што ја води Турција, мораме повторно да истакнеме дека Воздушно-космичките сили на Руската Федерација во Сирија вршат напади исклучително врз објектите на терористите, чија локација внимателно и повеќепати се проверува преку Информативниот центар во Багдад. Притоа се користат и податоци добиени од патриотската опозиција и сите разузнавачки служби на територијата на блискоисточниот регион”, се наведува во соопштението на сајтот на МНР Русија.
„Не ја исклучуваме можноста антируската кампања што ја води Турција да има за цел да го подготви населението на Турција на примена на војската на територијата на уверената сириска држава“, се вели во соопштението што го пренесува „Взгљад”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче