МНР РФ: Русија ќе одговори на проширувањето на присуството на САД во Европа

САД во 2017 година планираат за четири пати повеќе да ги зголемат расходите за проширување на военото присуство во Европа, меѓутоа Русија нема да презема симетрични чекори, туку ќе се ограничи на „симетрични мерки“, изјави директорот на Одделот за општоевропска соработка при МНР РФ Андреј Келин.

Русија ќе преземе „мерки на компензација“ како одговор на проширувањето на военото присуство на САД во Европа, изјави во интервју за РИА „Новости“ директорот на Одделот за општоевропска соработка при МНР РФ Андреј Келин.

Претходно администрацијата на САД соопшти за плановите да издвои во фискалната 2017 година 3,4 милијарди долари за програмата за осигурување на безбедноста на своите европски сојузници. Сумата е поголема четири пати од претходно издвоените суми за истата намена. Во изјавата на претседателот на САД Барак Обама како главна причина за толку сериозното зголемување се наведени „агресивните дејствија на Русија на периферијата на Алијансата“.

„Симетрични чекори овде се малку веројатни, имајќи го предвид огромното количество пари кои американските партнери сега ги вложуваат: следната година тие имаат намера да вложат четирипати повеќе. Симетричен одговор на ова  апсолутно не е потребен, уверен сум во тоа. Мерки на компензација за одржување на нормална воено-стратешка рамнотежа се преземаат и ќе се преземаат“, изјави рускиот дипломат.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња