На пленарното заседание на Европскиот парламент во Стразбур беше донесена резолуција според која присоединувањето на Крим со Украина е услов за укинување на санкциите против Русија. Европските парламентарци потсетија дека не го сметаат за легално присоединувањето на Крим кон Русија, пишува „ОТР“.
„Обновата на контролата на Украина над полуостровот е еден од условите неопходни за обнова на соработката со Руската Федерација, меѓу другото и за запирање на соодветните санкции“, се вели во резолуцијата.
Европарламентот исто така смета дека на Крим има повреда на човековите права, вклучително на кримските Татари, и „брутално ограничување на слободата на изразување на мислењето, здружување и мирно собирање“ на полуостровот.
Освен тоа, пратениците констатираат „милитаризација на Кримскиот полуостров“. Тие изразуваат загриженост поради „заканите“ на Русија за распоредување на нуклеарно оружје на Крим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче