Задачата треба да ја завршат Федералната антимонополска служба, Министерството за економски развој, Министерството за финансии, Федералната даночна служба, Министерството за индустрија и трговија, Министерството за комуникации и врски, заинтересираните институции и АНО „Институт за развој на интернетот“ (ИРИ) до 1 септември. Овој налог е даден по завршувањето на форумот „Интернет Економија 2015“ што се одржа на крајот на минатата година, пишува „Взгљад“.
До 1 јуни е наложено да се презентираат предлозите во законодавството за регулирање на обработката на податоците на граѓаните на интернет.
Мнозинството странски интернет-компании немаат компании-ќерки или претставништва во Русија и не плаќаат даноци на територијата на земјата. На крајот на 2015 година пратениците поднесоа во Државната дума предлог-закон кој внесува ДДВ за купување од страна на руски корисници на софтвер и содржина од странски интернет-компании (таканаречениот „данок на Гугл“). Подготвувачите на предлог-законот предлагаат Гугл, Епл и слични компании да создаваат лични сметки на даночните обврзници, да ги даваат на увид на даночната инспекција и да доставуваат податоци за продажбата на софтвер и содржина на територијата на земјата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче