Париз сака Русија да го укине прехранбеното ембарго

Истовремено министерот за земјоделство на Франција Стефан ла Фол додаде дека ниту тој лично, ниту Франција не можат да дискутираат со Русија укинување на санкциите против Москва, затоа што тоа е прашање на Европската унија.

Претседателот на Франција и владата сакаат Русија да го укине прехранбеното ембарго, меѓутоа преговорите поврзани со укинување на антируските санкции треба да ги води ЕУ, изјави во неделата министерот за земјоделство и портпарол на владата на Франција Стефан Ле Фол, пренесува РИА „Новости“.

„Се разбира, сакам укинување на ембаргото и истото го сака и претседателот. Бев во Русија за дискутирам со Русите на таа тема“, цитира агенцијата „Франс Прес“ дел од изјавата на министерот.

Според неговите зборови, истата позиција ја делат и другите француски министри. Мерките што дејствуваат во односите на двете страни „се поврзани со дипломатската криза, делумно – со одлуката на Русија за санитарно ембарго“.

„Ние сторивме сѐ, јас бев во Русија по тој повод, да постигнеме укинување на ембаргото“, потенцира Ле Фол.  

Истовремено тој додаде дека „ниту министерот за земјоделство на Франција, ниту самата Франција“ не можат да дискутираат со Русија за укинување на санкциите против неа, затоа што тоа е прашање на Европската унија.

Претходно медиумите соопштија дека Франција се надева дека летово ќе бидат укинати санкциите против Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња