Медиуми: Полска планира да изгради гасовод и да ја „избегне“ Русија

Полската гасна компанија PGNiG соопшти дека до 2022 година сака да стекне технички можности за испорака на неколку милијарди кубни метри гас од Норвешка. Гасоводот треба да биде дел од програмата за намалување на зависноста од руските енергетски ресурси, пишува „Ројтерс“.

Полската гасна компанија PGNiG планира да изгради гасовод кој ќе ги поврзува Полска и Норвешка. Гасоводот, како што се очекува, ќе има капацитет од неколку милијарди кубни метри годишно. Ова го соопштија претставниците на полската компанија, пренесува „Ројтерс“.

„До 2022 година сакаме да имаме технички можности за транспорт на неколку милијарди кубни метри гас од север“, се вели во соопштението на PGNiG.

Подетални информации за гасоводот од Норвешка полската компанија не даде, пренесува агенцијата.

Договорот за испорака на гас меѓу компанијата PGNiG и „Гаспром“ истекува во 2020 година. Сега Полска годишни набавува од Москва до 10,2 милијарди кубни метри гас при вкупна годишна потрошувачка од речиси 16 милијарди кубни метри, пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња