Аналитичарот на „Форбс“ Кенет Рапоза објаснува зошто укинувањето на санкциите против Русија „ќе промени сѐ“ за западните инвеститори.
„Руските акции паднаа со цената годинава, но нивните показатели во индексите MSCI EM и S&P 500 сѐ уште се во плус. Претставете си што ќе се случи кога санкциите ќе бидат укинати“, пишува тој, а пренесува РИА „Новости“.
„Не мислам дека симнувањето на санкциите ќе ја смени ситуацијата за руската економија во краткорочна перспектива, но за инвеститорите тоа ќе игра исклучително важна улога“, изјави за „Форбс“ Мартин Чермој, генерален директор на инвестициската компанија Prosperity Capital Management.
Според него, тој знае за неколку фондови кои се плашат да вложуваат свои средства во Русија поради санкциите, сметајќи дека исти такви мерки можат да бидат воведени против самите нив. Сепак кога таков ризик нема да постои, многу компании кои го напуштија рускиот пазар последниве 18 месеци ќе се вратат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче