„Вашингтон смета дека доколку постои желба за тоа, тој е способен да ја одигра улогата на катализатор на тој процес(...) Раководството на САД со постави цел за себе - да доминира во светот. Во врска со тоа не им е потребна силна Русија. Напротив, потребно им е максимално да ја ослабат нашата земја. Не се исклучува достигнување на таа цел и по пат на распад на Руската Федерација. Тоа ќе им отвори на САД пристап до најбогатите ресурси со кои, според нивното мислење, Русија располага незаслужено“, изјави Патрушев за весникот „Московски комсомолец“.
Тој исто така изјави дека Русија не претендира на улогата на суперсила. „За разлика од САД ние не се стремиме да доминираме во светот. Но тоа не значи дека Русија нема свои национални интереси. Ние сме должни да ги штитиме, вклучително и за сметка на ефикасната надворешна политика“, додаде тој.
Според неговите зборови, Русија е загрижена од зголемувањето на потенцијалот на НАТО и доделувањето на организацијата глобални функции во прекршувањето на нормите на меѓународното право. „Активизацијата на воената активност на земјите на блокот, понатамошното проширување на алијансата, приближувањето на неговата воена инфраструктура до руските граници ствара опасност за нашата безбедност“, изјави Патрушев. Притоа Патрушев ги негираше тврдењата на медиумите дека тој наводно зборувал за планови на Москва за вооружено спротивставување на Алијансата со окупирање на некои земји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче