Путин ја наведе причината за падот на цените на нафтата

Претседателот на Русија Владимир Путин објасни зошто толку нагло се намалува вредноста на нафтата.

Според зборовите на претседателот на Русија Владимир Путин, падот на цените на нафтата е поврзан со нејзиното прекумерно производство.

„Кина е наш партнер, сојузник, со нив имаме многу добри односи, со Кинезите, но за жал, знаете, и тие сефа имаат проблеми, темпото на раст кај нив сериозно страда. Поради тоа, во врска со тоа што се намалува обемот на економијата, светската економија, а од тоа зависи и вредноста на барел нафта: од тоа што преголемото производство на ова гориво, тоа не се побарува од сегашната економија како што мислеа економистите порано. Тоа е една од причините за сегашните компликации“, рече Путин на заседанието на интеррегионалниот форум на СНФ, одговарајќи на предлогот да се развива домашниот бизнис по примерот на Кина, пишува „Взгљад“.

Притоа рускиот лидер се согласи дека треба да се развива внатрешниот ресурс.

„Нив ги имаме доволно, потполно се согласувам со вас“, истакна тој.

Претходно во понеделникот Путин изјави дека без оглед на паѓањето на цените на нафтата, фундаменталните основи на економијата на Русија дозволуваат да се покаже воздржан оптимизам за развој на ситуацијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња