Антимонополскиот комитет на Украина го казни „Гаспром“ со 85 милијарди гривни (околу 3,4 милијарди долари) за злоупотреба на монополската позиција на пазарот на транспорт на гас, соопшти првиот човек на институцијата Јуриј Терентјев.
„Штотуку е донесена одлука во однос на злоупотребата на монополската положба на пазарот на транзит на природен гас по магистралните гасоводи преку територијата на Украина од страна на компанијата „Гаспром“ како монополски купувач. Сумата на казната е 85 милијарди гривни“, напиша Терентјев на Фејсбук.
Претходно Украина ја покачи ставката за транзит на гас за „Гаспром“ за 1,5 пати – на 4,5 долари за илјада кубни метри на 100 километри. Претходно транзитната ставка изнесуваше 2,7 долари, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче