Кремљ негира дека Путин барал оставка од Асад

Кремљ ги демантира соопштенијата на медиумите дека Москва наводно му предлагала на претседателот на Сирија Башар Асад да поднесе оставка.

Кремљ ги демантира соопштенијата на медиумите дека Москва наводно му предлагала на претседателот на Сирија Башар Асад да поднесе оставка.

„Не, тоа не е точно“, изјави за ТАСС портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Претходно во петокот „Фајненшел Тајмс“ соопшти повикувајќи се на неименувани извори во западни разузнавачки служби дека наводно шефот на Главната управа за разузнавање на ВС РФ Игор Сергун престојувал во Дамаск по барање на претседателот на РФ Владимир Путин да му предложи на Башар Асад да ја напушти функцијата претседател на Сирија.

Според верзијата на изданието, Асад го одбил предлогот.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња