Русија ја зајакнува Тихооеканската флота

Серија подморници од Проектот 636.3 е планирана да се гради за Тихоокеанската флота на ВМФ РФ.

Серијата подморници од Проектот 636.3, планирана да се гради за Тихоокеанската флота на ВМФ РФ, е наменета за надминување на заостанувањето што се појави во постсоветскиот период во однос на подводните сили на Русија и Јапонија, соопшти за „Лента.ру“ извор во Министерството за одбрана на РФ.

„Побарувачката на Тихоокеанската флота од современи дизел подморници изнесува 10-12 единици во следнава деценија. Во спој со атомските подводни пловила овој број ќе овозможи да се обезбеди предност пред ВМС Јапонија во пограничните води, како и паритет со ВМС САД“.

Подводната флота на Јапонија брои 17 современи дизел подморници.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња