5 новитети на руската армија во 2014 година

Извор: РИА Новости

Извор: РИА Новости

За рускиот одбранбено-индустриски комплекс (ОПК) 2014 година се покажа како тешка и сложена, но, некои примери од воената техника успешно ги минаа државните тестирања и предадени им се на единиците на користење. „Руска реч на македонски“ избра 5 видови вооружување: тоа се новитетите на рускиот ОПК за 2014 година.

Повеќенаменска нуклеарна подморница Јасен 

Водечката нуклеарна подморница од проектот „Јасен“ се градеше 18 години, како жртва на политичките и економски турбуленции. По тестирањата на море летото 2014 година подморницата со назив „Северодвинск“ влезе во составот на Воено-морските сили на Русија. Ова е првата повеќенаменска подморница во Русија. Во нејзините борбени задачи влегуваат уништување на подводни и на површински сили на противникот, уништување цели на земјата со крстосувачки ракети. 

„Јасен“ носи 24 суперсонични противбродски ракети „оникс“ (Јахонт), со дострел до 350 километри, ракети „Гранат“ кои уништуваат цели на оддалеченост од 3.000 километри, а за нанесување точкести удари по цели на земјата, подморницата доби оперативно-тактички ракети „Калибар“. 

ПЗРК Верба (Врба) 


Извор: Росијскаја газета

Новиот преносен ракетен систем ПВО го замени прочуениот „Игла“ која не постои само во арсеналот на руската војска, туку и активно се извезуваше и во други земји. Системот е опремен со „паметна“ самонасочувачка глава која не реагира на лажни цели исфрлени од воените авиони.

Верба (мак. Врба) ги „гледа“ и беспилотните летачки и крстосувачки ракети. Тоа се цели со ниско емитување топлотна енергија, така што нивното забележување не е едноставно. Сепак новиот преносен ПВО систем може да ја изврши таа задача, зашто неговата самонасочувачка глава работи во три спектари („Игла“, претходничката на „Верба“,. Работеше само во два). 

„Верба“ веќе влезе во единиците кон крајот на летото 2014 година, а според мислењето на воените стручњаци, таа претставува достоен конкурент на американскиот Стингер. 

Борбен робот Платформа-М 


Извор: РИА Новости

Минијатурните роботизирани системи на гасенична основа со прекрасен изглед на јунак од некој цртан филм, со својата појава во единиците ја обележа новата ера на бесконтактна диригирана борба во секое време од денот и во секакви услови, особено во тешки, како што се градските со густа населеност. 

Роботот Платформа-М може да врши извидување, патролирање и чување на стратешки објекти. Вооружен со митралез „Калашников“, роботот може да понуди достоен отпор на противникот, да уништува дури и подвижни цели – и сето тоа практично без човечко учество, со оглед на тоа дека Платформа-М се управува во автоматски режим. 

Повеќенаменски ловец Су-35 


Извор: ТАСС

Повеќенаменскиот суперманеварски ловечки авион Су-35С од генерацијата 4++ во овој момент е најнов авион на руското Воено воздухопловство. За изградбата на Су-35С се користени технологии од петтата генерација, вклучувајќи ги и композитните материјали. Су-35 во блиска перспектива ќе биде основна ударна сила на Военото воздухопловство, додека не биде заменет со авионот ПАК ФА од петтата генерација. 

Авионот првенствено е наменет за уништување на противничките авиони. Опремен е со насочувачки ракети од голем, мал и среден дострел, а може да уништува и цели на земјата, пробивајќи средства за ПВО. Неговата радиолокациска станица овозможува истовремено следење до 30 и гаѓање до 8 воздушни цели. Су-35С во 2014 година започна да стасува во руското Воено воздухопловство. Перспективен е и за извоз – се водат преговори за испорака на вакви авиони на Кина. 

Дизел-подморница од проектот 636.3 Варшавјанка 

 
Извор: РИА Новости 

И дизелските подморници од третата генерација, кои во странство поради нивната бесшумност со почит ги нарекуваат „црни дупки“, влегоа во вооружувањето на руската Воена морнарица во 2014 година. 

Подморниците од проектот 636.3 (подобрена варијанта) имаат повисок степен на борбена ефикасност во споредба со претходните проекти. Варшавјанките (прекар за овие подморници) денес ја „гледаат“ целта на поголемо растојание, притоа остануваат невидливи за противникот. Подморниците добија современи торпеда и крстосувачки ракети „Калибр“. Варшавјанките исто така се опремени и со нова навигациска опрема и со современ информациско-управувачки систем кој работи самостојно и не изискува човечко учество. 

Се планира вкупно да се изградат шест подморници од проектот 636.3, како и нивно влегување во системот на Црноморската флота. „Новоросијск“, водечката подморница од проектот 636.3 веќе се наоѓа на служба во флотата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња