Проектот за изградба на гасоводот „Северен тек-2“ ќе се реализира во следните 20-25 години и „Гаспром“ не гледа пречки за негова реализација, изјави заменик-претседателот на управа на „Гаспром“ Александар Медведев.
„Таквите проекти се прават не со перспектива од една-две-три години, туку со перспектива од 20-25 години. Никакви настани кои би можеле да го стават под сомнение тој факт, ние не гледаме“, рече Медведев, одговарајќи на прашањето може ли падот на цената на нафтата да влијае на реализацијата на проектот.
Проектот „Северен тек-2“ предвидува изградба на два крака на гасоводот со вкупна моќ од 55 милијарди кубни метри гас годишно од брегот на Русија преку Балтичкото море до Германија. На „Гаспром“ ќе му припаѓаат 50% од акциите. Новиот гасовод се планира да биде изграден паралелно со „Северен тек“, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче