Европската вселенска агенција (ЕСА) оваа година се откажа од руските ракети „Сојуз-СТ“ за лансирање на сателити на навигацискиот систем „Галилео“, изјави во Париз првиот човек на ЕСА Јохан-Дитрих Вернер, пренесува „Лента.ру“.
„Годинава првпат ќе лансираме сателити „Галилео“ на „Аријана 5“, изјави тој. Лансирањето на ракетата е предвидено за октомври 2016 година. Европската ракета-носач од тешка класа е способна да изнесе во орбитата четири апарати „Галилео“, за разлика од руската ракета од средна класа, која може да изнесе само два сателита.
Во 2016 година во космичкиот центар во Гвајана ќе има само едно лансирање на ракета-носач „Сојуз-СТ“ која на 12 април во орбитата ќе однесе сателит за далечинско сондирање на Земјата „Сентинел-1Б“. Претходно сите сателити „Галилео“ беа лансирани со помош на руската ракета-носител „Сојуз-СТ“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче