МНР Кина не го коментираше написот во весникот „Вашингтон Тајмс“ дека Пекинг наскоро може да испрати војска за борба против терористите од „Исламската држава“.
„Не ми е позната таа информација“, изјави портпаролот на министерството Хун Леи, пренесува РИА „Новости“.
Одговарајќи на прашањето дали Кина ја разгледува во целина можноста за воено учество во меѓународната кампања за борба со тероризмот, портпаролот повторно ја истана улогата на ООН.
„Сметаме дека ООН треба да игра водечка улога во меѓународната борба против тероризмот. Воените дејствија треба да следуваат по резолуциите на Советот за безбедност и да одговараат на Повелбата на ООН“, изјави тој.
Како што пишува „Вашингтон Тајмс“, Пекинг, веројатно, е загрижен од растечкиот број на борци во редовите на ИД од кинеско потекло.
„Прашањето е на чија страна ќе бидат тие“, изјави за изданието чиновник, запознаен со разгледувањето на улогата на Кина во борбата против ИД. Најверојатно е дека Кина ќе им се придружи на Вооружените сили на РФ во Сирија, отколку да стапи во меѓународната коалиција предводена од САД, потенцира весникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче