Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со членовите на владата на апелираше внимателно да се следи развојот на ситуацијата на пазарот на суровини и берзите и нагласи дека власта мора да има сценарио за развој на руската економија во секоја ситуација, пренесува РИА „Новости“.
„Мораме да бидеме подготвени за секаков развој на настаните“, изјави шефот на руската држава и обрна внимание на променетата ситуација на пазарот на суровини и берзите.
„Познато ми е дека владата веќе почна со тие анализи, но сепак сакам да ви обрнам внимание дека станува збор за прашања од исклучително значење“, рече претседателот на РФ.
„Мораме да бидеме подготвени на секаква варијанта на развој на ситуацијата на пазарот на суровини, на берзите, многу внимателно да ги следиме движењата и да имаме сценарио за развој на руската економија во секаква ситуација“, изјави Путин.
Покрај премиерот, министерствата за финансии и за економски развој, шефот на руската држава повика да се приклучат сите ресори и истакна „дека тоа не значи дека сега сѐ мора драматично да се менува“.
Руските власти успеваа во најголема мера да се однесуваат „промислено и професионално“, без оглед на осцилациите до кои доаѓаше на надворешните пазари. Тој смета дека за тоа особено зборува и помалиот дефицит на буџетот.
„Се надеваме дека ситуацијата ќе се менува кон подобро, но како што секогаш и правиме, едноставно треба да се биде подготвен на секој развој на настаните, повторувам уште еднаш“, рече рускиот претседател.
Путин обрна внимание на професионално и благовремено реагирање на проблемите кои ќе се појавуваат во светската и домашната економија во текот на 2016 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче