Медиуми: Русија реши повеќе да не ѝ продава струја на Украина

Москва не води со Киев преговори за испорака на електрична енергија од Русија за Украина поради неважечкиот договор за електроснабдување на Крим од страна на Украина, изјави претставник на руското Министерство за енергетика.

Русија нема да го продолжи договорот за испорака на електрична енергија за Украина по откажувањето од купување украинска електрична енергија за Крим, пишува во вторникот весникот „Комерсант“ повикувајќи се на претставник на руското Министерство за енергетика.

Едногодишниот договор за испорака на руска електрична енергија за Украина стапи на сила на 30 декември 2014 година и истече на 1 јануари 2016 година.

Претставникот на министерството кој го цитира изданието, објасни дека договорот првично бил поврзан со договорот за испорака на електрична енергија од Украина за Крим.

Откако истече стариот договор меѓу Русија и Украина, Киев предложи нов во кој имаше формулација дека Крим е територија на Украина, што не ѝ одговара на Москва, а и на самите Кримјани, од кои 93% во анкетата спроведена во декември се изјаснија дека се против таков договор, пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња